Лого на YouVersion
Икона за пребарување

3 Јован 1:1-15

3 Јован 1:1-15 MK2006

Свештеникот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината. Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја. Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината. За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината. Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите. Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба. Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незнабошците. Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината. Јас напишав неколку збора до Цр­к­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас. Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црк­вата. Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога. За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско. Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо, туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в ли­це. Мир за тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!