Погрижи се да дојдеш кај мене скоро! Зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Солун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата! А Тихик го пратив во Ефес. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите. Ковачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови! Од него пази се и ти, бидејќи тој необично многу се воспротиви на нашите зборови! При мојата прва одбрана никого немаше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев! Но Господ беше со мене и ме закрепна, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на лавот. Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во вечни векови. Амин!
Прочитај 2 Тимотеј 4
Слушни за 2 Тимотеј 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Тимотеј 4:9-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа