Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 2:14-19

2 Тимотеј 2:14-19 MK2006

Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат. Погрижи се пред Бога да се до­ка­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината. А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност. И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит, кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа им попречуваат во верата на некои. Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“