Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господ браќа, затоа што од почетокот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение, кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос. И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание. А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж, нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!
Прочитај 2 Солуњаните 2
Слушни за 2 Солуњаните 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Солуњаните 2:13-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа