Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 23:1-7

2 Самоилова 23:1-7 MK2006

Еве ги последните Давидови зборови: „Слово на Јишаевиот син Давид, беседа на мажот, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Јаковов и на слаткопевецот Израелов: ‚Духот Господов говори преку мене, и словото Негово е на јазикот мој. Рече Бог Израелов, карпата Изра­елова ми говори: Оној што гос­подари со луѓето, нека биде праведен, да господари со страхопочит кон Бога. И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд израснува од земјата трева, така е и со мојот дом во Бога. Зашто Тој направи со мене завет ве­чен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба. А нечестивите ќе бидат како исфрлено трње, кое не се фаќа со рака; но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува.‘“