Тогаш сиот народ го премина Јордан, и царот исто така. Царот го бакна Верзелиј и го благослови и тој се врати во домот свој. И царот тргна за Гилгал; тргна со него и Кимхам; и сиот јудејски народ и половината израелски народ го придружија царот. И, ете, сите Израелци дојдоа кај царот и му рекоа: „Зошто нашите браќа, мажите Јудини, те грабнаа тебе, и го преведоа преку Јордан царот и челадта негова и заедно со него и сите Давидови луѓе?“ Сите Јудини мажи им одговорија на Израелците: „Затоа што царот ни е нам близок; и зошто се лутите поради тоа? Зар сме изеле нешто од царот, или сме добиле од него дарови?“
Прочитај 2 Самоилова 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 19:40-43
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа