Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 15:1-6

2 Самоилова 15:1-6 MK2006

Потоа Авесалом си набави коли и коњи и педесет брзоодци. Авесалом стануваше изутрина рано, се запираше крај патот покрај портите и, кога некој имаше поплака и одеше кај царот на суд, тој го повикуваше и го прашуваше: „Од кој град си?“ И кога оној одговараше: „Од тоа и тоа Изра­елово племе е твојот слуга“, тогаш Авесалом му велеше: „Ете, твоето дело е добро и праведно, но кај царот нема кој да те ислуша.“ И Авесалом уште велеше: „О, да беа ме поставиле мене за судија во оваа земја! Кај мене би доаѓал секој, кој има спор и поплака, и јас би судел по правда.“ И кога некој ќе се доближеше да му се поклони, тој ја протегаше раката и го прегрнуваше и го бакнуваше. Така постапуваше Авесалом со секој Израелец, кој доаѓаше кај царот да се суди, и навлегуваше Авесалом во срцата на Израелците.