Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците; а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците. Тогаш рече Јоав: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош; биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.“ И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него. Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим.
Прочитај 2 Самоилова 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 10:9-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа