Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 3:1-7

2 Петар 3:1-7 MK2006

Еве, возљубени, како веќе ви го пишувам второто послание во кое со напомнување ви го разбудувам ваши­от чист разум за да се потсетите на зборовите, по­рано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадени преку вашите апостоли. Најнапред знајте го тоа дека во пос­ледните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе се подбиваат и ќе живеат според своите похоти. Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако татковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“ Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово, преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода. А сегашните небеса и земјата, па­зе­ни од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечес­ти­вите луѓе.