Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 2:4-10

2 Петар 2:4-10 MK2006

Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот; и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата; и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на ид­ни­те безбожници, а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот. Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа; значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден; а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни по­хоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта