Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 2:10-16

2 Петар 2:10-16 MK2006

а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни по­хоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта, но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ. А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат, добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас; имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­вр­дените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството! Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда, но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.