Кога арамејскиот цар тргна во војна против Израелците, се посоветува со своите офицери, велејќи: „Во тоа и тоа место ќе го поставиме својот логор.“ Но, Божјиот човек испрати да му кажат на израелскиот цар: „Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Арамејците се кријат во заседа.“ И израелскиот цар испрати луѓе до тоа место, за кое му зборуваше и го опоменуваше Божјиот човек. Така се заштити оттаму повеќе пати. И му се вознемири срцето на арамејскиот цар поради тоа, и тој ги повика своите офицери и им рече: „Кажете ми, кој од нашите одржува врска со израелскиот цар?“ И рече еден од слугите негови: „Никој, господаре мој, царе; туку пророкот Елисеј, кој е во Израел, му ги соопштува на израелскиот цар и оние зборови што ти ги говориш во својата спална соба.“ Тогаш тој рече: „Одете, дознајте, каде е тој, и јас ќе испратам да го фатат.“ И му соопштија и рекоа: „Ете, тој е во Дотан.“ И испрати таму коњи и коли и многу војска. Дојдоа ноќе и го опколија градот. Кога изутрината прислужникот на Божјиот човек стана и излезе, војската со коњи и коли беше околу градот. Прислужникот му рече: „Тешко, господаре! Што да правиме?“ Тој одговори: „Не плаши се, зашто оние што се со нас, се повеќе од оние што се со нив.“ Елисеј се помоли и рече: „Господи, отвори му ги очите да види.“ И Господ му ги отвори очите на прислужникот, и тој ја виде целата гора полна со коњи и огнени коли околу Елисеј.
Прочитај 2 Царевите 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 6:8-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа