Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 5:15-18

2 Царевите 5:15-18 MK2006

Тогаш се врати кај Божјиот човек, тој и сите придружници него­ви, дојде, застана пред него и рече: „Еве, познав дека по целата земја нема Бог, освен во Израел; прими, пак сега дар од твојот слуга.“ Елисеј одговори: „Се колнам во живиот Господ, пред чие лице стојам! Нема да го примам.“ Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи. И рече Нааман: „Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господ; само, еве што да му прости Гос­под на слугата твој: кога мојот господар оди во храмот на Римон за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римон, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римон.“