Нааман, војсководецот на арамејскиот цар, беше голем човек пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа над Арамејците; и тој човек кој беше одличен војник, беше лепрозен. Еднаш Арамејците излегоа во чети и запленија од израелската земја едно мало девојче, и тоа ѝ служеше на Наамановата жена. Таа ѝ рече на господарката своја: „О, да отидеше мојот господар кај пророкот, кој е во Самарија, тој ќе ја симнеше од него лепрата.“ Тогаш Нааман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејќи: „Така и така вели девојчето што е од израелската земја.“ И арамејскиот цар му рече на Нааман: „Стани, оди, јас пак, ќе испратам писмо до израелскиот цар.“ Тој отиде, земајќи со себе десет кикари сребро, шест илјади шекели злато и десет промени облека
Прочитај 2 Царевите 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 5:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа