Кога беше на осумнаесет години, царот Јошија го испрати писарот Сафан, син на Ацалија, Мешуламовиот син, во домот на Господ, велејќи: „Оди кај првосвештеникот Хелкија, нека го земе среброто донесено во домот на Господ што го собраа од чуварите на портите, и нека го дадат во рацете на распоредниците, поставени кај храмот Господов, а тие да го потрошат за работниците во домот Господов за поправка на штетите во домот: на дрводелците, на каменоресците, на ѕидарите и за купување дрва и делкани камења за поправка на храмот; но да не се бара од нив сметка за среброто, предадено во рацете нивни, бидејќи тие постапуваат чесно.“
Прочитај 2 Царевите 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 22:3-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа