Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 19:29-35

2 Царевите 19:29-35 MK2006

И, еве ти знак: јадете го оваа година – самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови. И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора, зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и спасеното – од гората Сион. Ревноста на Господарот на небес­ните сили ќе го направи тоа. Затоа вака говори Господ за асир­скиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него. По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ. Јас ќе го пазам тој град за да го запазам за Себе и за Мојот слуга Давид.“ И ова се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор уби сто осумдесет и пет илјади војници. Изутрината кога преживеаните станаа, тие ги видоа мртвите тела.