Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 14:15-27

2 Царевите 14:15-27 MK2006

Другите дела на Јоас што тој ги из­врши, и за неговите јуначки подвизи, и како тој војуваше против јудејскиот цар Амасија, се опишани во летописите на израелските цареви. И почина Јоас кај своите предци, и беше погребан во Самарија, покрај израелските цареви. Место него стана цар неговиот син Јеровоам. Амасија, синот на Јоас, јудејскиот цар, живееше петнаесет години по смртта на Јоахазовиот син Јоас, израелскиот цар. Другите дела на Амасија се запи­шани во летописите на јудејските цареви. И направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и таму го убија. Го донесоа на коњи, и го погребаа во Ерусалим кај неговите предци, во Давидовиот град. Сиот народ јудејски го зеде Азарија, кој беше на шеснаесет години, и го поставија за цар место неговиот татко Амасија. Тој повторно го изгради Елат и му го врати на Јудеја, откако царот, татко му, почина кај своите предци. Израелскиот цар Јеровоам, синот на Јоас, стана цар во Самарија во петнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Амасија, Јоасовиот син, и царуваше четириесет и една година. И го правеше она што не беше добро пред очите на Господ: не отстапуваше од ниеден грев на Нава­товиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел. Тој ги установи границите на Израел од Емат до Мртвото Море, според словото на Господ, Бог Израе­лов што Тој го беше изрекол преку слугата Свој Јона, синот на Амитај, пророк од Гат-Хефер, зашто Господ ја виде неволјата на Израел, толку горчлива, зашто немаше ни робови, ни слободни што би му по­могнале на Израел. И не сакаше Господ да го искорени името на Израелците под небо­то, па ги спаси преку раката на Јоасовиот син Јеровоам.