Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 13:14-25

2 Царевите 13:14-25 MK2006

Елисеј се разболе од болест, од која подоцна и умре. Дојде кај него израелскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: „Татко мој, татко мој, бојна коло Израелова и негова коњицо!“ И му рече Елисеј: „Земи лак и стрели!“ И тој зеде лак и стрели. Тогаш му рече: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката. Тогаш Елисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот и рече: „Отвори го прозорецот кон исток!“ И тој го отвори. А Елисеј рече: „Стрелај!“ И тој стрелаше. Потоа Елисеј рече: „Таа стрела за спасение е од Господ, таа е спасителната срела против Арам, и ти ќе ги поразиш и уништиш Арамејците во Афек.“ И продолжи Елисеј и рече: „Земи стрели!“ И тој зеде. Пак му рече на израелскиот цар: „Удри во земјата!“ И тој удри трипати и запре. И му се разгневи Божјиот човек и рече: „Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеше докрај Арамејците, а сега ќе ги поразиш Ара­мејците само трипати.“ Елисеј умре и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата. И ете, додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи на нозете свои. Царот на Арам Азаил ги мачеше Израелците во сите денови на Јоахаз. Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврте кон нив поради заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес. Царот на Арам Азаил умре, и на­место него стана цар неговиот син Венадад. Јоахазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Венадад градовите што тој ги беше презел со војна од рацете на татко му Јоахаз. Три­пати го разби Јоас, и ги врати израелските градови.