Парите од жртвите за вина и парите од жртвите за грев не се внесуваа во домот Господов: тоа беше за свештениците. Тогаш царот на Арам Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим. Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано што го беа жртвувале на храмот неговите предци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозија, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на арамејскиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим. Другото за Јоас и за сѐ што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви. И се побунија слугите негови, направија заговор и го убија Јоас во Бет-Мило, на патот за Сила.
Прочитај 2 Царевите 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 12:17-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа