Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 7:2-7

2 Коринтјаните 7:2-7 MK2006

Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме. Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во ср­цата наши, за да умреме и да живееме заедно. Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки. Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото наше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв. Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит. И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата рев­ност кон мене, така што јас уште по­ве­ќе се зарадував.