Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 6:11-18

2 Коринтјаните 6:11-18 MK2006

Устата наша е отворена за вас Ко­ринтјани, и срцето наше се раширува. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши. За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки. Не впрегнувајте се заедно со без­верниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината? Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник? Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“ „Затоа излезете од нивната средина и одделете се!“ Вели Господ, и „Не до­пирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам! И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Гос­под Седржителот.