Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 6:1-10

2 Коринтјаните 6:1-10 MK2006

Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја. Зашто се вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спа­сението! Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба, туку во сѐ се препорачуваме за слу­жители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби, во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости, со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов, со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака, со славата и срамот, при укори и пофалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити; за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени; нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.