Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 3:7-18

2 Коринтјаните 3:7-18 MK2006

Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израелови не мо­жеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото ли­це, тогаш колку пославно ќе биде слу­жењето на Духот! Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава слу­же­ње­то за праведноста! И навистина, не ни беше прос­ла­ве­но во таа мера она што беше прос­ла­ве­но ако се спореди со преголемата слава. Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно. Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода, а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат сино­вите Израелови да го видат крајот на минливото. Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот за­вет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува. Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце. Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува. А Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода. Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.