Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 12:1-10

2 Коринтјаните 12:1-10 MK2006

Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и открове­нија Господови. Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои чо­век не смее да ги каже. Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости. А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вис­тина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша. И, за да не се превознесувам со пре­многу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по ли­цето, да не се превознесувам. Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се по­ка­жува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова. Затоа уживам во слабости, во на­вредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност