Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 11:1-6

2 Коринтјаните 11:1-6 MK2006

Ех, да бевте потрпеле малку од моето безумие! Да, потрпете ме! Зашто за вас сум љубоморен со Божја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица. Но се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос. Зашто, ако некој дојдеше да про­по­веда друг Исус, кого ние не сме го про­поведале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте. Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите. Иако сум прост во говорот, во зна­ењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати.