Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 10:11-18

2 Коринтјаните 10:11-18 MK2006

Таквиот нека знае дека, какви сме во зборовите во посланијата свои, кога отсуствуваме, такви сме и на дело кога присуствуваме. Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не раз­бираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе. Ние, пак, не без мерка ќе се пофалиме, туку според правилото на мерката што ни е определена од Бога, за да доп­реме сѐ до вас. Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, и до вас со Евангелието Христово ние први допревме. Не се фалиме безмерно со туѓите напори. А се надеваме дека со растењето на вашата вера меѓу вас и ние, по на­шата мерка, ќе пораснеме во изобилие, така што и подалеку од вас да го проповедаме Евангелието, а не да се фалиме со готовото во туѓа област. „Кој се фали, со Господ да се фа­ли!“ Зашто, не е признаен оној што са­миот себе се препорачува, туку оној ко­го што Господ го препорачува.