Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 1:3-11

2 Коринтјаните 1:3-11 MK2006

Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. Тој нѐ утешува при секоја наша не­волја, та и ние да можеме да ги уте­ши­ме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас са­ми­те! Зашто, како што изобилуваат Хрис­товите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христос. Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие станува­ат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние; а и надежта наша за вас е цврста, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учес­ници и во утехата. Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме. Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во се­бе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува; па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 2 Коринтјаните 1:3-11

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност