Кога ќе згрешат пред Тебе, – зашто нема човек што не греши, – и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и оние, што ги заробиле, ги одведат во далечна или блиска земја, кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: ‚згрешивме, направивме беззаконија и неправди‘, и се свртат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, свртувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на нивните предци, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив за Твоето име, – тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе.