Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 6:1-11

2 Летописи 6:1-11 MK2006

Тогаш Соломон рече: „Господ беше рекол дека ќе благоволи да престојува во темен облак, но јас, на Твоето свето име Му из­градив дом на Твоето живеалиште, место за Твоето вечно престојување.“ И го сврте царот лицето свое, та го благослови сето собрание на Изра­елците – сето собрание на Израелците стоеше, па рече: „Нека е благословен Гос­под, Бог Израелов, Кој го изврши сега со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татко ми Давид, велејќи: ‚од оној ден, кога го изведов Мојот народ од египетската земја, Јас од ниедно Израелово племе не избрав град за да изградам дом, каде што ќе при­суствува името Мое, ниту избрав маж што ќе биде водач на Мојот народ Израел. Туку го избрав Ерусалим, та името Мое таму да престојува, го избрав Да­вид, тој да биде над Мојот народ – Израел.‘ Татко ми Давид имаше на срце да изгради дом за името на Господ, Бог Израелов, но Господ му кажа на татко ми Давид: ти имаш на срце да изградиш храм за името Мое; добро е, што ти е тоа на срце. Меѓутоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, што ќе произлезе од бедрата твои, – тој ќе изгради храм за името Мое. И Господ го исполни словото што го беше изрекол; јас стапив на местото на мојот татко Давид, седнав на прес­толот израелски, како што рече Господ, и изградив дом за името Гос­подово, Израеловиот Бог. Го положив таму ковчегот, во кој е заветот на Господ, што го беше склучил со синовите Израелови.“