Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 30:13-19

2 Летописи 30:13-19 MK2006

И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празнуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше многубројно. Па станаа и ги растурија жртве­ниците, што беа во Ерусалим, и сѐ, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон, го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, по­срамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов, и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците оросуваа со крв, земајќи ја од рацете на левитите. А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не се беа осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господ. Мнозина од народот, повеќето од племето Ефремово и Манасиево, Иса­харово и Завулоново, не се очис­тија; но и тие јадеа Пасха, непрописно. Но Езекија се помоли за нив и рече: „Благиот Господ да му прости на секого, кој го расположил срцето свое да Го бара Господ Бог, Бог на своите предци, макар и без свештено очистување.“