Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 28:1-15

2 Летописи 28:1-15 MK2006

Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Еру­салим шеснаесет години; и тој не го правеше угодното во очите Госпо­дови, како што правеше неговиот предок Давид; тој одеше по патот на израелските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци; и тој кадеше во долината на Хино­мовите синови, и ги протеруваше низ огин синовите свои, според гнасотиите на оние народи, кои Гос­под ги прогони пред лицето на израелските синови; принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво. Затоа Господ, неговиот Бог, го пре­даде во рацете на арамејскиот цар, и Арамејците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израелскиот цар, и тој му нанесе голем пораз. Факиј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет илјади Јудејци, храбри војници, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци. А Зихриј, силен јунак од Ефремци­те, го уби Маасејаху, царевиот син, и Азрикам, началник на дворот, и Ел­кана, втор по царот. И зедоа синовите израелски од бра­ќата свои, Јудејците, двесте илјади же­ни, синови и ќерки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија. Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која одеше во Самарија, и им рече: „Ете, Господ, Бог на предците ваши, во гне­вот Свој против Јудејците, ги предаде во ваша рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата. И сега мислите да ги направите си­новите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господ, вашиот Бог? Затоа послушајте ме, и вратете ги заробениците, што сте ги заробиле од браќата свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас.“ И некои од началниците на сино­вите Ефремови: Азарија, син Јоананов, Варахија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлаев, застанаа спроти оние што доаѓаа од војна. И им рекоа: „Не доведувајте ги заробениците тука, зашто би згре­шиле пред Господ. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израел.“ И вооружените ги оставија заробениците и пленот кај воените началници и пред целото собрание. И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа заробениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното – ги об­лекоа и ги обуја, и ги нахра­нија, и ги напоија, и ги помазаа со масло, и ги качија на магариња сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, кај браќата нивни, и се вратија во Самарија.