Но по смртта на Јодај дојдоа јудејските началници и му се поклонија на царот; оттогаш царот почна да ги слуша. И го оставија домот Господов, Бог на своите предци, и почнаа да им служат на посветените дрвја и на идолите; заради тој нивен престап се подигна гневот Господов и врз Јуда и Ерусалим. Тој им испрати пророци за да ги повратат кон Господ и им сведочеа, но тие не ги послушаа. И Духот Божји го исполни Захарија, синот на свештеникот Јодај, и тој застана на возвишението пред народот и им рече: „Вака вели Господ: зошто ги прекршувате Господовите заповеди? Успех нема да имате: како што вие Го оставивте Господа, така и Тој ќе ве остави.“
Прочитај 2 Летописи 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Летописи 24:17-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа