Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 18:28-34

2 Летописи 18:28-34 MK2006

И тргнаа царот израелски и Јоса­фат, царот јудејски, кон Рамот Галаад­ски. И царот израелски му рече на Јоса­фат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди.“ И се преоблече царот израелски, и влегоа во битка. Тогаш царот арамејски од својата кола им заповеда на војводите: „Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на царот израелски!“ А кога заповедниците на колите го видоа Јосафат, си помислија: тоа е ца­рот израелски, – и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него. Штом заповедниците на колите видоа дека тоа не беше царот израел­ски, отстапија од него. Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израелскиот цар низ спојката меѓу појасот и оклопот негов. И тој му кажа на човекот: „Врати се назад и изведи ме од битката, зашто сум ранет.“ Но борбата во тој ден се засили; и израелскиот цар седеше на колата спроти Арамејците до вечерта и умре по зајдисонце.