Јосафат имаше големо богатство и слава, па се сроди со Ахав. По неколку години отиде кај Ахав во Самарија; и закла Ахав многу добиток, ситен и крупен, за него и за луѓето со него и го убедуваше да се кренат против Рамот Галаадски. И му рече Ахав, царот израелски, на Јосафат, царот јудејски: „Ќе дојдеш ли со мене против Рамот Галаадски?“ Тој му одговори: „Како што ќе одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ќе дојдам со тебе во војна!“ Уште му рече Јосафат на царот израелски: „Прашај уште денес што ќе рече Господ.“
Прочитај 2 Летописи 18
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Летописи 18:1-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа