Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 1:7-13

2 Летописи 1:7-13 MK2006

Во таа ноќ му се јави Господ на Со­ломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам.“ Соломон Му одговори на Бога: „Ти му направи на татко ми Давид голема милост и ме постави за цар место него. Нека се исполни сега, Господи, сло­вото Твое кон татко ми Давид, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав, дај ми сега мудрост и разум, за да управувам со тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?“ И му рече Бог на Соломон: „Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар – мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, ниту ќе има по тебе.“ Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на собранието, во Ерусалим, и царуваше над Израел.