Оние, кои се наоѓаат под јарем, робовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква почест, за да не се хули името Божјо и учењето. Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај! Кој поучува инаку и не оди по здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за благочесноста, тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, лошите мисли; залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста служи за трговија. Бегај од такви! А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе. Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни. А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.
Прочитај 1 Тимотеј 6
Слушни за 1 Тимотеј 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Тимотеј 6:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа