Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј 5:1-8

1 Тимотеј 5:1-8 MK2006

Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа; старите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота. Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици. Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога. А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе. Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива. Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни. Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник.