Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј 4:1-16

1 Тимотеј 4:1-16 MK2006

А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења, преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест; кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од ја­дења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината. Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност, бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва. Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил. Од нечисти и од бапски приказни бе­гај, а обучувај се во побожност; зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за се­гаш­ниот и за идниот живот. Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени. Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат. Ова препорачувај го и поучувај! Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота! Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување! Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророш­тво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството! Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите! Пази на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто, ако постапуваш та­ка, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.