Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба; да ја пазат тајната на верата со чиста совест. И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат служители. Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ. Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со децата свои и куќата своја. Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна положба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.
Прочитај 1 Тимотеј 3
Слушни за 1 Тимотеј 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Тимотеј 3:8-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа