Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење, и да не се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата. А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера. Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија, и сакаат да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат. А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува. Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци, за блудници, за мажеложници, трговци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука
Прочитај 1 Тимотеј 1
Слушни за 1 Тимотеј 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Тимотеј 1:3-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа