Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 5:14-28

1 Солуњаните 5:14-28 MK2006

Браќа, ве молам, поучувајте ги не­уредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите! Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас! Не гаснете Го Духот! Пророштвата не ги омаловажувај­те! Сѐ испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло! А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и ду­шата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа. Браќа, молете се за нас! Поздравете ги сите браќа со свет целив! Ве заколнувам во Господ ова пос­ла­ние да им го прочитате на сите свети браќа. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!