И на Сауловиот татко Кис му се загубија магариците, па му рече Кис на синот свој Саул: „Земи со себе еден од слугите и стани, та оди и побарај ги магариците.“ И тој ја мина Ефремовата Гора, ја минаа и земјата Шалиша, но не ги најдоа; ја минаа и земјата Шаалим, и таму ги немаше; потоа ја минаа и Венијаминовата земја, но не ги најдоа. А кога дојдоа во земјата Цуф, Саул му рече на слугата свој што беше со него: „Да се вратиме, зашто татко ми нема веќе да се грижи за магарињата, туку повеќе ќе биде загрижен за нас.“
Прочитај 1 Самоилова 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 9:3-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа