Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 8

8
Израелците бараат цар
1 # 5 Мојс 16,18 А кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии над Израел. 2Името на неговиот првороден син беше Јоил, а името на вториот син негов – Авија; тие беа судии во Вирса­вија. 3#2,12; 2 Мојс 23,8; 5 Мојс 16,19; Пс 15,5; Плач 3,35Но синовите негови не одеа по неговите патишта, туку се впуштија во користољубие, земаа подароци и судеа криво. 4Тогаш се собраа сите старешини Израелови, дојдоа кај Самоил во Рама 5#5 Мојс 17,14-15и му рекоа: „Ете, ти остаре, а сино­вите твои не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар, кој ќе ни суди, како што е кај другите народи.“ 6#15,11Овие зборови не му беа пријатни на Самоил, кога рекоа: „Дај ни цар, кој ќе ни суди.“ И Самоил Му се помоли на Господ. 7#10,19; 2 Мојс 16,8; Суд 8,22-23А Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот на народот за сѐ што ти говорат. Зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене за да не царувам над нив. 8#Суд 10,13; 1 Цар 9,9; Пс 78,12-17Како што постапуваа со Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет, до денес кога Ме оставија и почнаа да им служат на други богови, така постапуваат и со тебе. 9Затоа, сега послушај го гласот нив­ни! Само свечено опомени ги и објави им ги правата на царот што ќе царува над нив.“
Правата на царот
10И Самоил им ги соопшти сите тие зборови Господови на народот, кој бараше од него цар, 11#2 Сам 15,1; 1 Цар 1,5; 5,6и рече: „Еве, какви ќе бидат правата на царот што ќе царува над вас: тој ќе ги зема синовите ваши и ќе ги прави свои колари и свои коњаници и тие ќе одат пред колите негови; 12#22,7и ќе си ги назначува за заповедници над илјада, и заповедници над педесетмина, ќе ги постави да му ги обработуваат нивите, да го жнеат житото и да му прават војничко оружје и сѐ што е потребно за колите негови. 13Ќе ги зема ќерките ваши за да прават миризливи масла, да готват јадења и да печат леб. 14#1 Цар 21,1-24Ќе ви ги зема најдобрите ваши ниви, лозја и маслинови градини и ќе им ги дава на слугите свои. 15Ќе зема десеток од посевите ваши и од лозјата ваши и ќе им го дава на евну­сите свои и на слугите свои. 16Ќе ги зема робовите ваши и робин­ките ваши, најдобрите момци ваши и магарињата ваши и ќе ги употребува за своја работа. 17Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие сами ќе му бидете робо­ви. 18#1 Цар 12,3-4; Мих 3,4; Изреки 1,25-28А еден ден кога ќе заофкате од царот свој што самите сте си го избра­ле, Господ нема да ви одговори тогаш.“ 19Но народот не сакаше да го по­слуша гласот на Самоил и рече: „Не, нека има цар над нас, 20и ние ќе бидеме како другите народи – ќе ни суди нашиот цар и ќе оди пред нас, и ќе ги води нашите војни.“ 21И Самоил, откако ги ислуша сите тие зборови на народот, Му ги кажа на Господ. 22И Господ му рече на Самоил: „Послушај го гласот нивни и постави им цар.“ И Самоил им рече на Израел­ците: „Нека си оди секој во својот град!“

Селектирано:

1 Самоилова 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност