И кога Самоил ја принесуваше сепаленицата, Филистејците дојдоа да се борат против Израел. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие така се збркаа што паднаа пред Израел. Израелците излегоа од Мицпа, ги гонеа Филистејците и ги разбиваа сѐ до под Бет-Кар. И Самоил зеде еден камен и го стави меѓу Мицпа и Шен, и го нарече Евен-Езер што значи „До овде ни помогна Господ.“ Така беа скротени Филистејците и не се осмелуваа повеќе да дојдат во пределите Израелови. И раката Господова беше врз Филистејците во текот на сите денови на Самоиловиот живот. А му беа вратени на Израел градовите што Филистејците ги беа презеле од Израел, од Екрон дури до Гет, и Израел ги ослободи пределите нивни од филистејските раце, и настана мир меѓу Израел и Аморејците.
Прочитај 1 Самоилова 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 7:10-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа