А Филистејците војуваа против Израелците, и мажите израелски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуја. Филистејците го стигнаа Саул и синовите негови; Филистејците ги убија Јонатан, Авинадав и Мелхисуј, Саулови синови. Битката против Саул стана жестока, и стрели од лакови го погодуваа; тој беше тешко ранет од стрелите. Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: „Извади го мечот и убиј ме со него да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене.“ Но оруженосецот не сакаше, бидејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него. Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него. Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите луѓе негови заедно. Израелците кои живееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа дека луѓето израелски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив. На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваат убиените и го најдоа Саул и тројцата синови што беа паднале на планината Гелвуја. Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот; и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Аштарта, а телото негово го закачија на ѕидините од градот Бет-Шан. Жителите на Јавеш Галаадски слушнаа за тоа што го направија Филистејците со Саул; се кренаа сите силни луѓе, одеа цела ноќ, го зедоа телото на Саул и телата на синовите негови од ѕидот во Бет-Шан, дојдоа во Јавеш и таму ги изгореа; ги зедоа коските нивни и ги погребаа под омориката во Јавеш, и постеа седум дена.
Прочитај 1 Самоилова 31
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 31:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа