А Давид престојуваше во пустината во непристапни места и потоа на ридестите предели во пустината Зиф. Саул го бараше секој ден, но Бог не го предаде Давид во рацете негови. И Давид виде дека Саул излегол да ја бара душата негова; Давид тогаш беше во пустината Зиф, во ридестите предели. И Сауловиот син Јонатан стана, дојде кај Давид во гората и го поткрепи со надежта во Бога, и му рече: „Не плаши се, зашто раката на татко ми Саул нема да те најде, и ти ќе царуваш над Израел, јас, пак, ќе бидам втор по тебе. И Саул, мојот татко, го знае тоа.“ Тогаш си дадоа меѓу себе завет пред лицето на Господ. И Давид остана во гората, а Јонатан отиде во домот свој.
Прочитај 1 Самоилова 23
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 23:14-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа