Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 21:1-7

1 Самоилова 21:1-7 MK2006

Давид стана и замина, а Јонатан се врати во градот. Давид дојде во Нов кај свештеникот Ахимелех, и Ахимелех се збуни, кога се сретна со Давид, па му рече: „Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?“ Давид му рече на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде заповед, ве­лејќи: ‚Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставив слугите свои на определено место; а сега дај ми што имаш при рака, пет леба, или што ќе се најде.“ Свештеникот му одговори на Давид, рече: „Немам при рака обичен леб, туку имам осветен леб. Само, ако твоите луѓе се воздржале од жени, нека јадат.“ Тогаш Давид му одговори на свеш­теникот и му рече: „Жени кај нас не­маше како и секогаш, кога одиме во поход, и садовите на момчињата се чис­ти. И ако патот е нечист, сепак лебот ќе остане чист во садовите.“ Свештеникот му даде од осветениот леб, бидејќи немаше друг леб освен лебовите принесени на жртвеникот што беа земени пред лицето на Господ, та по симнувањето нивно да се стават топли лебови.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Самоилова 21:1-7

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност