Илиј, пак, беше многу стар и слушаше сѐ што правеа синовите негови со сите Израелци, и дека тие спијат со жените кои служеа покрај влезот во скинијата на собранието. И им рече: „Зошто правите такви работи, зашто слушам лоши зборови за вас од сиот народ. Не, деца мои, не се добри гласовите што ги слушам за вас. Немојте да правите така, бидејќи гласовите што ги слушам дека вие не му служите добро на народот Господов, не се добри. Ако човек згреши против човек, ќе се помолат на Бога за него; но ако човек згреши против Господ, кој ќе биде тој што ќе моли за него?“ Но тие не го послушаа гласот на таткото свој, бидејќи Господ веќе беше решил да ги погуби.
Прочитај 1 Самоилова 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 2:22-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа