Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 2:12-17

1 Самоилова 2:12-17 MK2006

А синовите на Илиј беа лоши луѓе. Тие не Го познаваа Господа и долгот на свештеникот кон народот. Кога некој принесуваше жртва, слугата на свештеникот доаѓаше со вилушка во раката, додека се вареше месото, и ја спушташе во котелот, или во котлето, или во тавата, или во грнето, и што ќе извади вилушката, тоа го земаше за себе свештеникот. Така постапуваа тие со сите Израелци што доаѓаа таму во Силом. Дури и пред да изгори лојот, слугата на свештеникот доаѓаше и му велеше на оној што принесуваше жртва: „Дај месо за печење на свештеникот; тој нема да земе од тебе варено месо, ами дај сурово.“ И ако некој му речеше: „Прво нека изгори лојот, како што е редот, и после земи си, колу што ти сака душата“, тој ќе речеше: „Не, дај сега, ако не, насила ќе земам.“ И гревот на тие млади луѓе беше многу голем пред Господ, зашто тие вршеа неправда против жртвите Гос­подови.