Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 19:1-9

1 Самоилова 19:1-9 MK2006

Саул му говореше на синот свој Јонатан и на сите слуги свои да го убијат Давид. Но Сауловиот син Јо­натан многу го сакаше Давид. Јонатан му кажа на Давид и рече: „Татко ми Саул сака да те убие. Затоа пази се утре. Сокриј се и биди на тајно место. Јас, пак, ќе излезам и ќе застанам до татко ми на нивата, каде што ќе бидеш ти, и ќе му позборувам на татко ми за тебе; што ќе разберам, ќе ти сооп­штам.“ Јонатан му говореше на татко си Саул добро за Давид, велејќи му: „Да не греши царот против својот слуга Давид, зашто тој во ништо не згрешил против тебе, и делата негови се многу корисни за тебе. Тој ја изложи душата своја на опасност за да го порази Филистеецот; и Господ изврши големо спасение за сиот Израел; ти го виде тоа и се радуваше; зашто сега сакаш да згрешиш против невина крв и да го убиеш Давид без причина?“ И Саул го послуша гласот на Јонатан, и се заколна Саул: „Се колнам во Господ! Давид нема да умре.“ Тогаш Јонатан го повика Давид; му ги соопшти Јонатан сите тие зборови и го доведе Јонатан Давид кај Саул, и тој беше кај него, како и порано. Почна пак војна, и излезе Давид, пак се биеше против Филистејците, и им нанесе голем пораз, и тие бегаа од него. И лош дух од Бога го нападна Саул, и тој седеше дома со копје во раката, а Давид свиреше со рака по струните.